Во прв ред

Новогодишна магија на градскиот плоштад во Крива Паланка: Предновогодишна еуфорија со македонска музика, базар и забава за најмладите

Градскиот плоштад во Крива Паланка од 27-ми декември, па сè до 31-ви декември ќе биде центар на празничната магија, со богата предновогодишна програма исполнета со концерти, детски забави и новогодишен базар.

Новогодишниот свечено беше отворен вчера 27-ми декември, со што официјално започнува празничната атмосфера во градот. Денес, 28-ми декември, со почеток од 18 часот, љубителите на македонската етно-музика ќе имаат можност да уживаат во концерт на групата „Љубојна“, по што од 19 часот следува настапот на Тајзи.

На 29-ти декември, програмата ќе биде посветена и на најмладите. Од 11 часот ќе се одржи дневна детска програма со новогодишен базар и изложба на креативни дела изработени од талентирани ученици од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“, ООУ „Илинден“ и учениците од СОУ „Ѓорче Петров“. Посетителите ќе ги забавуваат аниматори од омилените цртани филмови, диџеј, кловнови, жонглери, како и новогодишна претстава. Вечерната музичка програма започнува во 18 часот со настап на Пајак и Лара, а од 19 часот ќе настапи групата „Бени и Нон Стоп“.

Детската радост продолжува и на 30 декември од 11 часот, со изложба на рачно изработени новогодишни креации, аниматори, жонглери и детски претстави. Истата вечер, од 18 часот, концерт со новогодишни песни ќе одржи Сара Мејс заедно со женски квартет.

На 31 декември, во текот на денот, празничната програма ќе ја заокружат настапите на децата од фестивалот „Распеано симитче“, диџеј Боно, дефиле под маски и традиционалното пристигнување на Дедо Мраз, со што Крива Паланка симболично ќе го испрати старото и ќе го пречека Новото лето.

Можеби ќе ве интересира: