Културо

Манифестацијата „Љубов и вино“ впеток во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

На 13-ти февруари 2026 (петок) со почеток од 18:00 часот во фоајето од НУЦК „МаркоЦепенков“ ќе се одржи поетско – музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп.

„Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, а се одржува по четврт пат. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме Св.Трифун и Свети Валентајн – Денот на вљубените“, велат организаторите.

На манифестацијата со љубовна поезија ќе се претстават 30 поети од Клуботна литературни творци – Прилеп и творци од градот, а гостин ќе биде КУД „Преродба 2024“.

Од Прилеп за Музика24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: