Музика на кирилица

Eлена Велевска ќе ги забавува Струмичани за најлудата ноќ (Фото)

Фолк пејачката Елена Велевска не застанува кога се настапите во прашање. Само две недели по породувањето Велевска се врати на сцената и никако да запре. Повеќето од незините колешки се уште немаат договорено каде за Нова година, а Елена е букирана до март месец.

Елена Велевска со настап во Струмица за Нова ГодинаСтрумичани ќе имаат задоволство со нејзе да ја дочекаат Новата 2014-та година и не се сомневаме дека за сите кои ќе присуствуваат ќе биде ноќ за паметење. Забавата е закажана во дискотеката “Селект”, а за сите оние кои нема да можат да резервираат на време ќе може да присуствуваат на репризата на 1-ви јануари. Настапите не запираат тука. Стара-нова година е резервирана за ресторан “Ранч”. Доколу бидете дел од забавата може да ни пренесете како сте си поминале.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: