Жељко Јоксимовиќ се впушти во твитер раправија со српскиот геј активист Предраг Аздејковиќ. Во емисијата “24 минути” која се емитува на српската ТВ Б92, каде гостин бил геј активистот на прашањето: Сите ние имаме поминато период во кој имаме експериментирано, кога ќе помине вашето? Предраг одговорил:
“Како што одредени ликови кои се дел од естрадата кажуваат сеуште не сум налетал на вистинската, но кога ќе дојде, јас ќе се оженам како Жељко Јоксимовиќ и Карамела”.
Геј активистот на својот профил на твитер напиша: “Мора да започнам да користам течна пудра како Јоксимовиќ… очигледно тоа е единствен начин за да најдам жена, на што Јоксимовиќ му одговорил: “Откачи се педеру”. Јоксимовиќ својата хомофобичност ја покажа како член на жирито на најгледаното регионално тв шоу “X Factor”, каде нашиот претставник Фифи го навреди, но дел од јавноста го осуди, но и покрај тоа тој продолжува да ги навредува геј активистите. Дали јавните личности имаат одговорност да не шират говор на омраза?
Подготви: Редакција Музика24
