Во прв ред

Скопје подготвено за музичка магија: Емина Јаховиќ пристигна во Македонија (Видео)

Додека музичката јавност со нетрпение го очекува утрешниот концерт на балканската поп-ѕвезда Емина Јаховиќ во Македонската филхармонија, денеска во хотелот „Хилтон“ во Скопје се одржа ексклузивна средба со медиумите, каде новинарите имаа можност одблиску да разговараат со една од најголемите регионални музички ѕвезди.

Меѓу присутните медиуми беше и Музика24.мк, како единствен македонски музички портал кој доби можност за ексклузивно интервју со Јаховиќ. Во пријатна и позитивна атмосфера, пејачката зборуваше за својот концерт во Скопје, за емоциите кои ги носи секоја средба со македонската публика, но и за музиката која веќе со години ја поврзува со фановите од целиот Балкан.

Утрешниот концерт во Македонската филхармонија кој што е рекордно распродаден ќе биде вистинско музичко патување низ нејзината богата кариера. Публиката ќе има можност во живо да ги слушне нејзините најголеми хитови, но и песни кои поретко ги изведува на сцената. Ова ќе биде нејзин прв голем настап во Македонија по учеството на „Пивофест“ во Прилеп во 2014-та година, што дополнително ја зголемува возбудата кај нејзините фанови.

Во разговорот за Музика24, Јаховиќ откри дека македонската публика секогаш имала посебно место во нејзиното срце и најави вечер исполнета со многу емоции, пеење, играње и блиска комуникација со присутните.

„Публиката може да очекува одличен концерт, многу љубов, дружење и енергија. Ќе пееме заедно и ќе уживаме во секој момент“, изјави Емина со насмевка. Целосното интервју имате можност да го погледнете во продолжение на YouTube каналот на Музика24.

Emina Jahovic: Zal mi e sto nikogas ne go promoviravme duetot so Elena Risteska

Скопје утре ќе дише во ритамот на нејзините хитови, а љубителите на добрата музика ги очекува вечер која долго ќе се памети. Концертот е во организација на Евентум продукција.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Видео: Музика24.мк

Можеби ќе ве интересира: