Фестивали

Вечер исполнета со љубов, песна и емоции – Ленче Кукиќ на сцената во Валандово

Во пресрет на годинашното издание на Фолк Фест Валандово 2026, организаторите подготвуваат вистинско музичко уживање за сите љубители на македонската песна. На 27 мај, фестивалската сцена во салата „Јанко Узунов“ ќе добие посебна емоција и топлина со настапот на една од најпочитуваните и најсакани македонски пејачки – Ленче Кукиќ.

Публиката ќе има можност да ужива во специјален мини концерт кој ќе се одржи во ревијалниот дел на вечерта, додека се сумираат гласовите од публиката и стручното жири. Организаторите најавуваат вечер исполнета со многу емоции, безвременски песни и атмосфера која долго ќе се памети. Со својот препознатлив вокал, искрената интерпретација и харизмата што ја носи на сцената, Ленче Кукиќ ќе ја претвори фестивалската вечер во вистинска музичка приказна. Нејзините песни со години допираат до публиката и будат најискрени чувства, а токму таква енергија се очекува и оваа година во Валандово.

„Ќе пееме, ќе наздравуваме и ќе создадеме моменти што ќе останат во срцата на публиката“, порачува пејачката во пресрет на настапот.

Фолк Фест Валандово и годинава останува симбол на македонската музичка традиција, место каде се слави песната, љубовта и македонскиот дух. На 27 мај, Валандово повторно ќе биде центарот на добрата музика, а присуството на Ленче Кукиќ е уште една потврда дека публиката ја очекува вечер исполнета со магија, емоции и незаборавни музички мигови.

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: