Премиера

„Претера“ – кога Дупер и Young Dadi ја претвораат емоцијата во музички хит (Видео)

На домашната музичка сцена пристигна нова соработка што уште на прво слушање привлекува внимание. Групата Дупер и Young Dadi ги здружија своите музички светови во новата песна „Претера“ – современ музички проект што носи силна емоција, модерна продукција и препознатлива енергија.

„Претера“ е песна која зборува за чувства што остануваат гласни и тогаш кога зборовите се тивки. Со впечатлив ритам, искрен текст и атмосфера што лесно се вовлекува под кожа, оваа соработка покажува како различни музички сензибилитети можат да создадат едно комплетно и автентично музичко доживување. Зад музиката стојат Илчо Нечовски, Давид Даниловски, Борис Какуринов и Андреј Николов, додека текстот го потпишуваат Давид Даниловски, Борис Какуринов, Илчо Нечовски и Андреј Николов. За современиот и динамичен аранжман заслужни се Борис Какуринов и Андреј Николов.

DUPER, Young Dadi - Pretera

Со „Претера“, Дупер и Young Dadi носат свежина на сцената и уште еднаш потврдуваат дека новата генерација македонски артисти знае како да создаде музика што лесно допира до публиката. Песната веќе привлекува внимание кај фановите, а според првите реакции, „Претера“ има сè што е потребно да стане една од најслушаните домашни нумери во периодот што следува.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: