Фестивали

Фолк Фест Валандово 2026: Валандово вечерва пулсира во ритамот на македонската песна со 20 нови композиции (Фото)

Валандово вечерва повторно ќе биде главниот музички центар во Македонија, каде традицијата, емоцијата и македонската песна ќе се спојат во уште едно незаборавно фестивалско издание на „Фолк Фест Валандово 2026“.

На сцената на 39. издание на најреномираниот фестивал за новокомпонирана народна музика ќе бидат изведени 20 нови композиции, создадени да остават белег во современото македонско музичко творештво и да ја продолжат богатата фестивалска традиција што со децении живее во срцата на публиката. Фестивалската вечер ќе се емитува во живо на МРТ1, денес – среда, 27 мај, со почеток од 20:30 часот.

Публиката ќе има можност да ужива во настапите на бројни познати и нови музички имиња:

  • Софија Пуровска – „Мир што ме опива“;
  • Дејан Николоски-Чуле – „Слатки мали лаги“;
  • Ивана Наумова Каранфилов – „Дојде време да се вратиш“;
  • Стефан Илиќ (Србија) – „Уште еднаш“;
  • Габриела Новевска – „Да имав јас среќа“;
  • Група „Распеани Валандовчани“ – „Отвори Лидо рајски прозорец“;
  • Лени Партикова – „Пуштај ме мајко“;
  • Горан Тодороски – „Билјана“;
  • Ивана Серафимовска – „Дишам повторно“;
  • Горан Тодоровски – „Сонце да ме разбуди“;
  • Ангела Влинтовска – „Вардар тече среде Скопје“;
  • Нино Величковски – „Смислата на животот“;
  • Василија Петрова – „Среќна со тебе“;
  • Драган Даце Николовски – „Жено неверна“;
  • Благица Калева – „Солзи немам“;
  • Мишко Крстевски – „Калина“;
  • Анета Љумаковска, Јане Динев и „Анета Бенд“ – „После сѐ“;
  • Благоја Грујовски – „Султана“;
  • Смиља Митревска – „Љубовта нека царува“ и
  • Христијан Божинов-Кико – „Градче мое убаво“.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со многу нови музички приказни и песни што ќе останат да живеат меѓу љубителите на македонската народна музика. Влезниците за фестивалската вечер се во продажба по цена од 300 денари и можат да се купат во Домот на културата во Валандово. За информации и резервации, достапен е телефонскиот број: 070 408 986.

Бројот на влезници е ограничен.

Валандово вечерва повторно ќе ја испише својата фестивалска приказна, а македонската песна уште еднаш ќе покаже дека живее силно, гордо и со душа.

Да ни е жива песната македонска!

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: