Една од највлијателните и најиновативни музички групи во историјата, Kraftwerk, за првпат ќе настапи во Македонија на голем open air концерт. Германските пионери на електронската музика ќе одржат голем open air концерт во Скопје на 25 јули (сабота), со почеток во 21 часот, на Стадионот на АРМ, како дел од нивната актуелна светска „Multimedia 2026“ турнеја.
Малку се бендовите што оставиле толку длабока трага во современата музика како Kraftwerk. Со својот револуционерен пристап тие поставија темели врз кои подоцна се развија електро, синт-поп, техно, хаус, хип-хоп и бројни други музички правци. Нивното влијание се чувствува кај генерации музичари – од Depeche Mode, New Order и David Bowie, па сè до Daft Punk, The Chemical Brothers и безброј современи електронски артисти.
Публиката во Скопје ќе има ретка можност да биде дел од спектакуларно аудиовизуелно шоу во кое музиката, дигиталната уметност, роботиката и најсовремената мултимедијална продукција се спојуваат во единствено концертно искуство. Во повеќе од пет децении кариера, Kraftwerk остануваат симбол на иновацијата и футуризмот, а нивните безвременски композиции како „The Model“, „Autobahn“, „The Robots“, „Computer Love“, „Radioactivity“ и „Tour de France“ и денес се сметаат за ремек-дела што ја обликуваа модерната музика.
Настапот во Скопје е дел од внимателно одбрана европска турнеја, што го прави овој концерт еден од најзначајните музички настани во Македонија ова лето. Влезниците се веќе пуштени во продажба и можат да се обезбедат онлајн преку avalonbooking.mk, како и во продажната мрежа на karti.com.mk низ целата држава.
25 јули (сабота), 21:00 часот, Стадион на АРМ – вечер кога Скопје ќе стане дел од музичката историја заедно со легендарните Kraftwerk.
Текстот го подготви: Редакција Музика24
