Фестивали

Нов меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“ во Прилеп (Фото)

Градот кој е познат по Марковите кули, а кои впрочем претставуваат еден вид на вулкански карпи – Прилеп, летово добива нов фолклорен фестивал. Фестивалот е од меѓународен карактер, а истиотимето го добива од најпозатиот прилепски шегаџија, мариовецот Итар Пејо.

Фестивалот во Прилеп ќе трае два дена со тоа што фестивалот е настан кои преку фолклорот, музиката и културната размена ги поврзува традицијата и современиот дух. Во текот на двата фестивалски денови, а тоа се 14-ти и 15-ти август 2026 година (петок и сабота) посетителите и љубителите на фолклорот ќе имаат можност да го проследат големото свечено дефиле, фестивалските концерти, креативните работилници , детските активности и културните содржини во Прилеп.

Фестивалот ќе се одвива во централното градско подрачје, но и на уште една локација која дополнително ќе биде објавена известуваат организаторите. На фестивалот ќе има културни ансамбли и гости од Македонија и од странство.

Програмата за фестивалот е следна:

14-ти август 2026 година (петок)

  • Прошетка низ Прилеп
  • Детска работилница на Могилата на непобедените
  • Свечено дефиле на учесниците
  • Фестивалски настап кај споменикот на Итар Пејо во Прилеп

15-ти август 2026 година (сабота)

  • Креативна работилница во НУЦК „Марко Цепенков’’-Прилеп
  • Главна фестивалска вечер
  • Забава на летната сцена при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

Новиот меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“ кој годинава се одржува за прв пат во Прилеп ќе биде интересна можност посетителите да се запознаат со традиционалните обичаи од Прилеп, Македонија и од странство.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: