Културо

„Звуците на градот“-вечер на староградска музика во Прилеп

„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи на 24 јули 2026 (петок) од 19:00 часот во големата сала од НУЦК „Марко Цепенков“.

Уште една убава вечер на староградска музика што ја организира НУЦК „Марко Цепенков“ и која повеќе години предизвикува интерес кај граѓаните. На Вечерта ќе се претстават групи кои ја негуваат староградската музика.

Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат пејачката група „Орхидеја“, КУД „Преродба -24“, Здружението на пензионаери – Крушево, Октет Прилеп, КУД„Пензионер“ и КУД „Пере Тошев“.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: