Веројатно досега Ви се случило додека слушате некое од Вашите омилени градски радија, да ја слушнете и песната која што Светлана Цеца Ражњатовиќ и Оливер Мандиќ ја снимија многу одамна, а одтогаш е голем хит. “Љубав за време истиче”е песната која што пред пет години овие музички имиња ја снимија, а веднаш потоа снимиле и видео спот кој до ден денес сеуште никој го нема видено, односно е далеку од очите на јавноста.
За снимањето на овој видео спот, од Цеца било побарано да биде без коса, секако тоа е постигнато со специјална маска која била направена и секако не се забележува, а таа пак како вистински професионалец тоа и го направила.
Во текот на вчерашниот ден на музичкиот интернет канал YouTube беше пуштен трејлер или најава за пуштањето на видео спотот. Многумина се прашуваат зошто веќе кога во 2007-та е снимен спотот досега не е пуштен? Незнаме која е причината поради тоа, но според информациите од српските медиуми и колеги, Цеца неодамна најавила интересно изненадување за своите фанови, а многу скоро излегува и новиот албум на Оливер Мандиќ, што сепак ни кажува дека ништо не е случајно.
Како и да е, ние будно ќе следиме се што ќе се случува, а е поврзано со новиот спот и се разбира по неговото излегување ексклузивно ќе го промовираме на Музика24.
Подготви: Александра Блажевска
