Берово и синоќа на втората фестивалска вечер од фестивалот „Етно плоштад“ на неговиот плоштад беше во духот на празничната магија, доброто расположение и традиционалните производи кои ги има само во источно-малешевскиот македонски крај.
Публиката со нетрпение ги очекуваше настапите на: Давид Темелков, Гордана Гоца Тржан, бендот „Тропико“ и „Феникс“ бенд.
Прв музички настап со почеток од 20 часот имаше Давид Темелков кој на публиката и приреди убав и спектакуларен концерт со музика од сите женрови, а неговиот настап беше полн со многу емотивни песни.
„Многу ми е мило што денеска сум дел од овој посебен спкетакл, поготово за ваков празник како што е празникот на мајката Богородица. Мило ми е што можам да музицирам, да настапам дома-пред својата публика и да се претставиме во едно посебно издание. Вечерва репертоарот го прилагодивме за пошироките маси и помешан балкански репертоар“-изјави Давид Темелков, пејач и естраден уметник.

Имено, веднаш по настапот на Давид Темелков, водителите на втората фестивалска вечер Иван и Ана на еден навистина интересен и хумористичен начин во кои беа содржани стихови на песни го најавија настапот на Гоца Тржан, која пак, за беровската но и пошироката публика приреди концерт за кој долго ќе се зборува и кој долго ќе се памети особено за оние кои прв пат доаѓаат во Берово и прв пат ја слушаат и гледаат Гоца Тржан на фестивалот „Етно плоштад“ во Берово.

„Јас прв пат во мојот живот сум во Берово. Никогаш не сум била тука и многу ми е драго. Прво ми беше убаво зашто цел ден се дружевме со домаќините. Вечерва имаше ненормално многу луѓе во публика, второ ми беше феноменално, а трето енергијата беше фантастична. Ви се заблагодарувам на сите и се надевам дека на сите ви беше убаво како што ми беше и мене“-изјави Гоца Тржан, пејачка и естрадна уметничка.

Гоца Тржан нејзиниот настап го отвори со нејзината песна од 2000 година, а тоа е песната „1200 миљи“ кои тогаш таа ја отпеа со светската ѕвезда, а по потекло од Македонија Тодор Проески-Тоше, меѓутоа синоќа Тржан оваа песна ја отпеја со нејзиниот македонски колега Давид Темелков.

После настапот на Гоца публиката уживаше во настапот на „Тропико бенд“ кои исто така приредија убав концерт кои беше помалку емотивен меѓутоа, се беше така како што треба да изгледа еден музички бенд кој знае да си ја работи најпрофесионална работата на сцена.
Инаку, по настапите на Давид Темелков, Гоца Тржан и „Тропико бенд“ публиката за крај ја забавуваше „Феникс“ бенд со чиј настап воедно заврши и вторатата фестивалска вечер од фестивалот „Етно плоштад“ и Саемот на традиционални малешевски производи „Малешевијата на дланка“.
Од Берово за Музика 24 известува: Христијан Ангелески
