Талентираниот Даниел Кајмакоски од Струга ја продолжува трката во “X Factor Adria”. Овојпат, 29 годишниот натпреварувач одлично се претстави со “When i was your man” од Бруно Марс и успеа да обезбеди влез во полуфиналето на музичкото шоу. За потсетување, негов ментор е Жељко Јоксимовиќ. Уште од аудициите во Белград, нашиот Даниел Кајмакоски беше прогласен за еден од потенцијалните победници на музичкото реално шоу “X Factor Adria”, а вечерва тој уште еднаш го потврди тоа.
По феноменалниот настап во домот на Жељко Јоксимовиќ, изведувајќи ја песната “When i was your man” од светски познатиот пејач Бруно Марс, Даниел Кајмакоски уште еднаш ги растрепери срцата на гледачите ширум Балканот, ги насолзи нивните очи и ги наежи, но она што е најважно е тоа што повторно покажа дека станува збор за светски вокал, а тоа едногласно го потврди и Јоксимовиќ, но и Тони Цетински, кој вечерва се најде во улога на негов помошник.
Секако, сосема заслужено, Даниел Кајмакоски ќе го гледаме во финалето од “X Factor Adria”, а првата емисија во живо сите гледачи може да ја очекуваат на седми јануари следната година. Браво Даниел!
Подготви: Редакција Музика24
