Балканленд

Фифи и Даниел се македонските полуфиналисти во “X Factor Adria” (Фото)

Македонија со двајца претставници во полуфиналето на “X Factor Adria”. Заврши втората елиминациона емисија на регионалното шоу. Од четворицата македонци кои останаа и се бореа за влез во финале, меѓу кои беа Даниел Кајмакоски, Фифи и дуетот Иван и Кико Раденови, натпреварувањето го продолжуваат само Даниел Кајмакоски и Фифи.

559832_10202648788050893_21104122_nИако на почетокот Жељко Јоксимовиќ кој му беше и ментор на Кајмакоски, беше резервиран кон него, овој пат со прекрасната изведба на песната “If I was your man” на Бруно Марс ги остави буквално без зборови Јоксимовиќ и неговиот гостин ментор, Тони Цетински. И двајцата стари лавови во нивната професија мораа да “клекнат” пред талентот кој Даниел го поседува, а Жељко го нарече светски. Даниел не можеше да ја крие возбудата и солзите од одлуката на Жељко.

Кристина Ковач, која е позната по тоа што е приврзана за сите натпреварувачи, исто така не можеше лесно да ја донесе конечната одлука, а и Леонтина и покрај искуството беше на истите маки. Фифи пак, од страната на Кристина Ковач, во дует со Маринела Џоѓани (ќерката на Џогани) добија комплимент дека се поразлични и сосема складни со гласовните можности. Ние им честитиме им благодариме што достојно не представија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: