Музика на кирилица

Aлександар – ново име на македонската фолк сцената

Македонија е музикална нација, на сите тоа ни е јасно. Ново име на фолк естрадата е Александар, кој има само 20 години. Досега има снимено четири песни и зад себе има еден настап на фестивал. Алекандар родум е од Ранковце во близина на Крива Паланка, но наскоро неговата адреса планира да ја промени со некоја во Скопје.

“Се уште сум на почеток на кариера, време во кое треба да се покажам. Народната песна ќе биде она кое ќе го пејам јас, нема да пејам турбо фолк. Немам ништо против, но убавата народна песна е она кое го сакам да го негувам. Во скоро време ќе можете да слушнете и авторска музика од мене, видео спот… Планови има и се надевам дека се ќе се реализира и публиката ќе го прифати”, ни изјави Алксандар.

Она кое што сигурно ќе ги интересира девојките е тоа Александар е слободен, нема девојка. Ние му посакуваме успех, да ја негува македонската музика, да има настапи и за што е ново ќе ве информираме на нашиот музички портал Музика24.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: