Балканленд

Даниел Кајмакоски со својот “X Factor” оди во полуфинале!

Талентираниот Даниел Кајмакоски од Струга ја продолжува трката во “X Factor Adria”. Овојпат, 29 годишниот натпреварувач одлично се претстави со “When i was your man” од Бруно Марс и успеа да обезбеди влез во полуфиналето на музичкото шоу. За потсетување, негов ментор е Жељко Јоксимовиќ. Уште од аудициите во Белград, нашиот Даниел Кајмакоски беше прогласен за еден од потенцијалните победници на музичкото реално шоу “X Factor Adria”, а вечерва тој уште еднаш го потврди тоа.

По феноменалниот настап во домот на Жељко Јоксимовиќ, изведувајќи ја песната “When i was your man” од светски познатиот пејач Бруно Марс, Даниел Кајмакоски уште еднаш ги растрепери срцата на гледачите ширум Балканот, ги насолзи нивните очи и ги наежи, но она што е најважно е тоа што повторно покажа дека станува збор за светски вокал, а тоа едногласно го потврди и Јоксимовиќ, но и Тони Цетински, кој вечерва се најде во улога на негов помошник.

Секако, сосема заслужено, Даниел Кајмакоски ќе го гледаме во финалето од “X Factor Adria”, а првата емисија во живо сите гледачи може да ја очекуваат на седми јануари следната година. Браво Даниел!

Подготви: Редакција Музика24

 

Можеби ќе ве интересира: