Музика на кирилица

Новогодишен подарок од Тамара за фановите

Тамара Тодевска деновиве го сними спотот за песната “Готово е”, со која го освои второто место на минатогодишниот фестивал “Макфест”. Кадрите веќе се пратени на монтирање, а за да биде скоцкана целата приказна, задолжен е тимот на Томато продукција. За тоа како ќе изгледа видеото и дали има некоја посебна приказна, Тамара вели дека не знае ништо, бидејќи нејзина работа била само да ги сними кадрите, затоа, како за фановите така и за неа, видеото ќе биде претпразнично изненадување.

“Влегов во студио, ги снимав кадрите кои беа потребни, работата си ја завршив за неполни два часа и си заминав. Затоа и не можам ништо да кажам како ќе изгледа финалниот производ. Не знам ниту јас. Верувам дека ќе биде нешто што ќе ми се допадне, бидејќи добро ја познавам работата на тимот кој стои зад мене”, вели Тодевска. Според најавеното, спотот треба да биде промовиран до крајот на оваа година, односно до 30-ти декември.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: