Поп дива Jeлена Карлеуша поставила писмо на својот фејсбук профил кои многумина не ги оставило рамнодушни. Во продолжение, во целост Ви го пренесуваме истото.
“Мили мои… Уште една година е зад нас. За мене бурна и повеќе од тоа! Бевте со мене, ме поддржувавте и ми дававте сила да се борам. Заедно со мене, ги проживувавте сите мои најубави, но и најтешки моменти… Се знаете за мене, и кога сум среќна, и кога сум тажна, кога патувам, кога пеам, што сакам и сонувам. Жал ми е што не можам јас да знам кои се вашите соништа, вашите проблеми, кога сте болни, сити или гладни, здрави или болни… Не можам сите да ве прегрнам, заштитам, бакнам… Но, сепак, тука сум за Вас. Вие сте сиот мој свет кој заедно го градиме. Светот во кој нема откажувања, во кој главата се држи високо и кога е најтешко, во кој сме најубави иако плачеме, кога пееме и играме како утре да не постои. Не се вклопувам во шаблон, и никогаш нема.
Не припаѓам на она што е нормално на Балканот. На мене се скрши калапот. Често е тешко да ме следат и да ме разберат. Лесно е да ме мразат, но уште полесно да ме сакаат, кога зад мојата маска “ѕирка” вечното дете спремно до смрт да се бори за сопствените идеали. На никому не му препорачувам да се бори со ветерници како што тоа залудно јас го правам. Но знам дека сум барем во лавовска гордост, образ, став и храброст- добар пример. Не знам да се свиткам, затоа ме кршат. Вие бидете помудри од мене. Не знам да молчам, а молчењето некогаш е злато.
Не знам да мразам и кога ми прават зло. Вие не дозволувајте да ви го загорчуваат животот. Бидете БОРЦИ, бидејќи животот е БОРБА. Кога ќе паднете, станете. Тоа најверојатно сте го научиле од мене. И додека животот ве гали и удира, запаметете ги моите зборови – НАЈВАЖНО Е ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК. Во секоја ситуација. Точно во полноќ ќе ви посакам на сите вас мир и благосостојба, здравје и среќа на вашите најмили… И нека Новата 2014-та Ви донесе исполнување барем на еден сон. Мојот животен сон е исполнет, а тоа сте ВИЕ. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Ваша ЈК”, пишуваше во писмото на Јелена Карлеуша која што таа го имаше поставено на својот фејсбук профил.
Подготви: Редакција Музика24
