Кралицата на поп музикaта, Мадона, изгледа дека навистина го сака “пилешкото”, па после раскинувањето со младиот Брахим Заибат, екстремно брзо си пронашла замена, а тоа е 29 години помладиот танчер, Тимор Стефанс. Својата нова играчка-момче Мадона го претстави на новогодишната забава во Швајцарија, а еден извор кој таму бил присутен вели дека тие двајца не се одвоиле еден од друг како и дека привлечноста помеѓу нив била очигледна.
Од друга страна, злобните усти тврдат дека Тимор е само привремена заменa за Брахим, дека наликува на него, исто така е 29 години помлад од неа, а дури имаат и иста професија – и двајцата се танчери.
Подготви: Редакција Музика24
