Магазин

Славко одговори на коментарите: Благодарам универзуму, ги поместуваме границите (Фото)

Водителот на музичкото  шоу “X Factor Adria” Славко Калежиќ, инаку бившо момче на Марија Шерифовиќ, доби голем број на негативни критики, но по се изгледа до него не допираат. Продукцијата на ова тв шоу во вторникот навечер на публиката и приреди неколку изненадувања, меѓу кои и новиот водител. Славко се натпреваруваше и не успеа да влезе во првите 12, од првото појавување предизвика внимание, но од вторникот имавме можност да го видиме на водителската сцена со што беше топ тема на социалните мрежи во негативен контекст. Но, Славко не им даде значење на негативните коментари, се заблагодари на подршката:

“Благодарен сум за подршката од срце. За сите коментари. Не можам да ви опишам колку сум среќен. Поместуваме граници и видикот. Неверојатен почеток на годината. Благодарност до универзумот! Ве сакам”, напиша Славко на фејсбук профилот.

kuiПодготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: