Музика на кирилица

Нов видео спот на “Конкеринг Лајон” за “Trickster’s End”

Македонскиот реге-бенд “Kонкеринг лајон” денес во 14 часот, во музичката продавница “Југотон” во Скопје ќе го промовира новиот видео спот за песната “Trickster’s End”. Настанот е замислен како релаксирана дружба меѓу музичарите и обожавателите. На спотот се претставени моменти од нивните досегашни концерти, гостувања, патувања и слично.

Снимањето одело лесно и забавно и е реализирано на локации на Балканот – во Македонија, Хрватска, Албанија и во Црна Гора. Снимател на спотот е Јовица Рафајловски, а режијата и монтажата се на Милан Тоциновски-Сако. “Trickster’s End” е песна од новиот албум на бендот, Revelation.

Изданието излезе на 22-ри ноември минатата година под етикетата на продукцијата “Пасворд”. Revelation беше објавен онлајн и од регионалниот издавач “Егзит лејбл”. Со тоа “Kонкеринг лајон” стана втор состав од Македонија чија музика е објавена за оваа престижна етикета.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: