Премиера

24 Промо: ДНК – “Опуштено” (Видео)

Познатата македонска хип-хоп група ДНК, пред заминувањето во Австралија, го промовираше новиот видео спот за песната “Опуштено” која Панчо ја напиша и истовремено ја посвети на својот пријател од Хрватска, ДЈ Бронсон, кој пред две години почина од рак. Видеото го режираше долгогодишниот соработник и пријател на Панчо и Андреј, Владимир Митревски Ѓуле.

Спортисти од неколку конкурентски клубови, новинари од различни редакции и медиумски личности се главните актери кои со многу насмевки и ја доловуваат на публиката главната порака да се шири позитивна енергија и да се живее секој ден како да е последен. Веќе утре вечер ДНК на скопската публика и најавува настап со својот бенд во живо во клубот “Хавана”, каде воедно ќе бидат промовирани песните од новиот и последен нивни албум “Срце”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: