Мараја Кери негира дека е во брзање да го издаде новиот албум и вели дека тој е многу важен за неа и ќе го направи “така како што сака”. Последниот албум таа го издаде во 2010-та година и сега полека и студиозно работи на нов албум, кој сеуште нема име. Смета дека нејзините обожаватели ќе имаат разбирање за паузата кога ќе го слушнат новиот материјал.
“Албумот сам по себе е многу важен за мене. Сакав да покажам дека ова е едно патување кое покажува која сум јас и низ што сум поминала последните три години”, изјави Мараја за музичкиот тв канал MTV. Пејачката додаде дека пред две-три години не се чувствувала подготвена да започне со работа во нови проекти.
“Не бев подготвена. Не сакав да издадам албум, само затоа што имам подготвени 14-15 песни. Сега можам да кажам: “Еве, ова е мојот албум. Песните се многу лични”, додава пејачката. Албумот е со работен наслов “The art of letting go” и треба да биде пуштен во продажба на 6-ти мај.
Подготви: Магдалена Атанасовска
