По емитувањето на телевизиското музичко тапанарско шоу во Србија, каде што свое учество зеде и нашиот најпознат тапанар Гаро јуниор, тој мака мачи со новите понуди и обврски кои му претстојат. Имено, по телевизиската емисија, каде што нашиот Гаро покажа што знае и умее, социјалните мрежи беа преплавени од позитивни коментари и од она дека дека се поставуваат нови стандарди, имповизации и сл. За веднаш потоа Гаро да добие понуда за регионална турнеја од серија соло перформанси и семинари кој тој ќе ги одржи во неколку градови низ Србија и Хрватска.
Истовремено, додека тој се подготвува за сиве овие нови обврски, на 13-ти март започнува европската турнеја на Браќата Тавитјан, каде овој пат ќе обработуваат класични композиции од познатите класици Баџ, Моцарт, Шопен… во за нив препознатлив џез манир со неправилни македонски ритми. Веднаш по европската, браќата продолжуваат турнеја низ Соединетите Американски Држави.
Подготви: Влад Петров
