World Music

Контраверзниот Принц со 30 години помлада девојка

Светски познатиот музичар Принц, по пример на останатите светски ѕвезди, реши и тој да ужива во младоста на убавите и згодни девојки. Тој и покрај тоа што има 55 години, во моментов е во врска со 30 години помладата Палома Штукер (Дилајла). Како што пишуваат светските медиуми, тој неодамна започна романтична врска со младата Палома и тоа откако таа пред две години објавуваше свои музички клипови на интернет музичкиот канал You Tube и самото тоа го привлече вниманието на познатиот музичар. А симпатиите и љубовта се родиле откако Принц ја поканил младата девојка да му се придружи на турејата, а од неодамна ја официјализираа својата врска.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: