Неодамна ја стартуваме нашата нова рубрика насловена Блиц, каде што секогаш ќе има фотографии пред се од нашите познати музички имиња, а потоа и од балканските, а зошто да не и од светските пејачки, пејачи и сл. Денеска нашата мила и драга дива Калиопи пред само еден час на својот Инстаграм профил објави фотографија каде што таа со дел од екипата на српскиот тв канал – ТВ Канал М се има фотографирано. Таа меѓудругото под својата слика напиша:
“Радио и ТВ Канал М. Прекрасни луѓе и професионален тим во Параќин! :)”. Дали нашата дива мислела на екипата со која што работела, на снимањата кои што сигурно и се случиле или нешто друго е во прашање, тоа може само да претпоставуваме. Во секој случај, Калиопи имаше одличен настап во вторникот на регионалното “X Factor” шоу.
Подготви: Анета Трајковска
