Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека организаторите на концертите на Каролина, Авалон продукција, поради преголемата заинтересираност и побарување за карта плус и информацијата дека и последниот закажан петти концерт е распродаден, тие специјално за македонската публика организираат шестти концерт. Овој дополнителен концерт ќе се одржи на 25-ти фебруари во МОБ, исто како и останатите, а организаторите дека со овој концерт сите оние кои се заинтересирани, а досега немале можност да набават влезници, ќе го сторат тоа токму сега.
Да Ве потсетиме дека вчера вечер започна концертната промоција на новиот албум на Каролина “Македонско девојче 2”. Македонската опера и балет беше преполна и сите беа видно задоволни од она што имаа можност да го видат и чујат.
Подготви: Андреја Андреевиќ
