Во прв ред

“X Factor Adria” во една поинаква вечер

Она што можеме да забележиме од самото шоу кое се емитува низ целиот Балкан, па и кај нас се новите неделни перформанси во кој сите ние уживаме. Како мала “увертира” на ова утре на 25-ти февруари сите учесници кој ги минаа последователните натпревари овој пат ќе се претстават со изведби на популарни песни од познати филмови и серии. Дали ќе биде со композиции само од Балканот или не, е само прашање на вкус на самата продукција, но ќе дознаеме наскоро но едно е јасно, нашиот кандидат Даниел Кајмакоски е видно возбуден од самиот избор на песната кој ќе ја изведе, иако не открива многу детали за самата песна самиот ни потврди дека ќе бидеме изненадени од неговиот нов стил, но и сценска изведба.

Самиот наслов кажува се а тоа е “Вечер на филмска музика”, затоа и нема да биде чудно ако Даниел биде и во улога на актер, бидејќи како што знаеме во Холивуд се доста последиов период актуелни мјузиклите па може да видиме и такво издание од нашиот кандидат. Како и да е, сепак спремете ги мобилните за гласање и држете ги силно “палците” за гласање за уште еднаш го помине и овој и не толку лесен круг кој на многумина им се чини како “мал залак”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: