Премиера

24 Промо: “Тешко без тебе” доби видео спот (Видео)

Вечерва во “Станица 26” беше промовиран долго очекуваниот видео спот за одличната “Тешко без тебе” на секогаш неповторливата и одлична Тамара Тодевска која што оваа композиција ја исполни на овогодишнешното издание на “Скопскиот фестивал”. На видеото да изгледа онака како што изгледа работеше цел еден тим составен од професионалци во својата работа. Зад камерта режисерксата палка ја држеше Мерт Аслани од БМА продукција, додека директор на фотографија е Драган Паковски – Пако.

Овој проект е копродукција помеѓу Македонската телевизија и Горила продукција. На промоцијата можевме да ги видиме речиси сите јавни фаци од македонската забавна музичка естрада. Автор на оваа песна е Роберт Билбилов, додека силниот и емотивниот текст е дело на Игор Џамбазов.

Во продолжение, премиерно, погледнете го видео записот за песната “Тешко без тебе” на Тамара Тодевска. Уживјате!

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: