По учеството во телевизиското реално шоу “Vip Survivor”, кога ја откривме храбрата и силна страна од неговата личност како и неговиот авантуристички дух, Тони Зен најавува нова авантура во периодов што следува, овој пат со нов соработник.
“Го сакам адреналинот и возбудливите моменти во животот, затоа почнувам нова авантура преку една нова соработка која ќе биде откриена на отворената забава што ќе се случи наредниот четврток (27-ми декември) во клубот Social во Скопје”, вели Тони. На забавата тој ќе биде специјален гостин, а освен откривањето на соработката за присутните таа вечер се најавуваат и многу зимски изненадувања.
Новата 2013-та година освен со нова авантура, Тони ќе ја започне и со снимање на два видео записи за темите “Под контрола” и “Сетила” кои се наоѓаат на неговиот нов албум “Микроскопски организам”.
Подготви: Александра Блажевска
