World Music

Британскиот рок бенд “Coldplay” со нова песна

Британскиот рок бенд “Coldplay” се уште не објавил планови за издавање нов албум, а единствениот концерт во блиска иднина им е закажан за фестивалот South by Southwest. Но, бендот во средата презентираше нова песна која збуни многумина. Момците најпрвин преку Twitter објавија дека во среда ќе се случи нешто ново на полноќ според временската зона во Уланбатор, главниот град на Монголија. Потоа, го претставија спотот за песната “Midnight” кој збуни многумина. Клипот е прилично мрачен и морничав, полн со црно-бели негативи и силуети на момците обвиени со сензори за топлина, додека се движат низ шума.

Песната е далеку од нивниот препознатлив стил и повеќе наликува на звуците од електронската денс сцена. Гласот на фронтменот Chris Martin на моменти наликува на пеењето на Peter Gabriel од 90-тите, а нумерата завршува со молба на Martin да не се изгасне светлото.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: