Во прв ред

Марјан Коцев со свој солистички концерт на 11-ти април

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ексклузивно дознава дека нашиот познат фолк пејач Марјан Коцев ќе одржи свој прв солистички концерт по повод јубилејот – 20 години на македонската фолк музичка сцена. Како специјален гостин на Коцев на сцената ќе се појави Ефто Пупиновски, еден од најпознатите фолк пејачи во Македонија. Концертот е закажан за 11-ти април, со почеток во 20.30 во Универзалната сала во Скопје.

Од Радио Роса кои се всушност и организатори на концертот, не известуваат дека картите веќе се пуштени во продажба по цена од 250 денари. Доколку сакате да поминете една убава незаборавна вечер, ние Ви предлагаме тоа да биде токму со концертот на младиот фолк пејач Марјан Коцев.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: