Познатиот хрватски пејач Тони Цетински на големо го подготвува својот нов албум, притоа снимајќи нови песни. Тој на својот facebook профил објави две фотографии каде што се гледа дека тој е со својот продуцент и дека како што самиот тој вели нема излегување од студио. Што точно напиша Цетински на facebook, прочитајте и видете во продолжение.
“Поздрав за Вас од студиото. Конечно, од денес па натаму Тони често ќе присуствува тука, а тоа значи само едно: нови песни и на крајот нов албум :))”, пишува Цетински на социјалната мрежа facebook.

