Веќе пишувавме за тоа дека младата девојка од “X Factor” Илма Карахмет не се појавила на концертот на нејзиниот поранешен ментор од истото шоу Кики Лесендриќ кој што тој неодамна го има одржано во Тузла. Кики за целата оваа работа изјавува:
“Рече дека ќе дојде. Жал ми е што не се појави”, изјавил Кики за медиумите. Тој како нејзин ментор и заштитник во големото регионално шоу, најпрво беше во нејзина заштита, за потоа да го смени своето мислење.
“Гледачите гласаа за Маид Хеќимовиќ. Очекувањата на родителите на Илма беа превисоки. Го сакаа првото место. Таа е талентирана, но првото место не беше реално доколку се гледаа нејзините гласови. Од кога публиката учествува во гласањето, секогаш има некој друг со поголем број на гласови. Не сум во контакт со Илма. И бев ментор, но сега е препуштена сама на себе. Таа е последна со која би соработувал. Едноставно, немам музика за нејзиниот глас”, изјавил Кики во врска со нејзиното напуштање на “X Factor” и реакциите потоа.
Подготви: Магдалена Атанасовска
