Премиера

“Болиш” преточена во видео спот (Видео)

Кон крајот на 2013-та поп пејачот Дарко Гелев – Брејк сними и на јавноста им ја престави новата песна “Болиш” која со тек на време стана голем хит. Тој истовремено сними и видео спот, за кој впрочем и Музика24 известуваше, но сега, во нашата 24 Промо рубрика Ви го промовираме видео спотот за оваа песна. Музиката и аранжманот се дело на Александар Митевски, додека за емотивниот текст се погрижи самиот Брејк.

Видео спотот е во реализација на македонската продукција 3D Project studio, во режија на Милчо Узунов. Директор на фотографија беше Сашо Доковски, додека пак за монтажата беше задолжен Никола Качански. Во продолжение, Ви предалгаме да го погледнете новиот видео спот на Брејк за новата песна “Болиш”.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: