Вчера вечер во скопското кафуле “Белиер”, Јоце Панов го промовираше своето ново видео за новата песна “Моја најдобра”. Песната зад која стои познатиот Владо Јаневски ни малку не се сомневаме дека нема да биде голем хит. Како промотер на видео спотот и новата песна на Јоце се појави познатата водителка Маја Поцевска, која воедно и го откри виновникот за интересното видео – познатиот српски режисер Дејан Миличевиќ.
Во спотот, кој што е сниман во Белград, се појавува маникенка од Србија и секако нашиот Јоце кој што за прв пат го гледаме во вакво интересно и опуштено издание. Погледнете го новиот спот на Јоце “Моја најдобра”.
Подготви: Ангела Трајковска
