По преоѓањето во План Б продукција и победата на “Скопски фестивал”, Ламбе Алабаковски на почетокот на новата пролетна сезона, кога се се буди, и тој Ве буди и изненадува со нова интересна певлива песна. Станува збор за новата “Кога те имам”, дело на тандамот Лазар и Магдалена Цветковски. Во текот на оваа недела, како што дознава Музика24, Ламбе ќе снима видео спот за победничката песна “Ќе те чекам јас”, а веќе следната недела е најавено снимањето на новата песна, која денес Ви ја промовираме.
А Ламбе за новата песна и преоѓањето во План Б вели:
“Презадоволен сум од “Кога те имам”. По победата на “Скопскиот фестивал” се појавив како специјален гостин на значајни концертни спектакли во државата и сам на себе си дадов одмор, а и сакав да почекам за да излезе уште една соодветна песна за мене и мојот вкус. Со мојата продукција веќе на големо работиме на подготовка на албумот. Во меѓувреме се снимаат и видео приказните за победничката балада од “Скопски фестивал” како и за оваа штотуку промовираната – “Кога те имам”, вели Ламбе.
И додека ги очекуваме новите видео записи од Ламбе, во продолжение погледнете го неофицијалниот видео спот за новата “Кога те имам”. Уживајте!
Подготви: Влад Петров
