Балканленд

Саша Ковачевиќ на работ од висок мост

Поп пејачот Саша Ковачевиќ е надалеку познат по своите преубави балади и емотивни песни, кој нема кој, а да не го остават рамнодушен. Во текот на вчерашниот ден, тој заедно со својата професионална екипа, снимале спот за за неговата најнова песна “Браним”. Тој за потребите на снимањето на овој, како што велат српските медиуми, високобуџетен спот, требало да сто на раб од мост.

Тој за снимањето, новата улога и предизвик, за српските медиуми изјави:

“Вчера го снимавме првиот дел од спотот, на мостот Ѓурѓевица на Тара. Целиот ден на сетот беше прилично интересен со голема доза на адреналин, со оглед на тоа што улогата бараше од мене да стојам на раб на мостот кој се наоѓа на 180 метри надморска височина. Кон крајот на неделава ќе го снимаме и останатиот дел од спотот, па искрено, се надевам дека наскоро мојата публика ќе ужива во она што јас и мојата екипа го подготвуваме”, изјавил Саша за српските медиуми.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: