Во прв ред

Капан Ан домаќин на холандскиот DJ и продуцент Лапиен

На 21-ви март, во организација на скопската промотерска организација Дроп серис, во Скопје од Берлин доаѓа Лапиен, со неговиот електро проект Метрополис. Лапиен или Метрополис е едно од најсвежите имиња во електронската музичка индустрија, а доаѓа од Холандија. Во моментов живее и работи во Берлин и со своите многубројни изданија во релативно краток временски период, успева да го сврти вниманието на многумина DJ-и и издавачки куќи кои будно го следат неговиот грув.

Домашна поддршка на овој настап ќе бидат резидентите Видиновски и Милескаја, додека за визуелниот дел ќе се погрижат Лејзи кидс визуалс. Настанот почнува точно на полноќ, а влезниците кои можат да се купат на самата врата чинат 200 денари.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: