“Читај повеќе, читај секаде” е името на кампањата која што ја организира “Клуб Матица”, како што велат одтаму, се со цел да се популаризира читањето во нашата држава. За таа цел во оваа кампања се вклучуваат познати лица од јавниот живот, актери, музичари, пејачи, водители… Кампањата започнува од утре и ќе трае се до 17-ти април, кога и комплетно ќе заврши, а од музичките имиња кои со започнување на оваа кампања ќе земат активно учество и ќе делат бесплатни книги низ центарот на главниот град се споменуваат: Дани Димитровска, Димитар Андоновски, Сара Мејс, Каролина Гочева… и многу други. Од издавачката куќа “Матица” велат:
“Дополнително, ни претставува огромна чест да објавиме дека проектот “Читај повеќе, читај секаде” е првиот проект кој успеа да обедини голем број македонски компании и македонски познати ликови околу една цел: да ја покажат својата одговорност кон општеството во кое делуваат. Дополнително во оваа кампања се приклучи и Министерството за култура, кое исто така несебично го даде својот придонес за успех на кампањата. На утрешниот настан, покрај организаторот на оваа кампања Г-дин Дејан Павловски од “Клуб Матица”, присутни ќе бидат и повеќето македонски автори, претставници од македонските компании кои се приклучија на проектот како и голем број на познати личности”, велат од издавачаката куќа.
Подготви: Марија Каревска
