Познатата хрватска поп пејачка Северина, денес на официјалната facebook фан страница го објави новиот видео спот за песната “Алкатраз”, песна која претставува прва од 13-те песни кои ќе се најдат на најновиот албум на Северина кој би требало да се појави кон крајот на 2014-та.
“Оваа песна е како жена, емотивна, но и силна и зборува за бесконечна љубов. “Алкатраз” како казна, но и како спас, е една од оние песни во кои публиката ќе ме натпее. Ужувајте во новата песна и спотот”, напиша Северина на својата фан страна. Песната е дело на Милош Рогановиќ кој заедно со Филип Милетиќ работат на нејзиниот најнов албум. Режијата на спотот кој е направен во минималистички манир, во кој се испреплетуваат диви емоции, една страсна друга разирана, е дело на Виктор Драго, долгогодишен пријател и соработник на Севе.
Во продолжение, уживајте во новиот спот и песна на Северина.
Подготви: Марија Каревска
