Музика на кирилица

Објавени се јавни повици за финансиска поддршка на естрадните уметници и ивент индустријата

Владата денеска објави повеќе јавни повици за финансиска поддршка на компаниите и лицата погодени од пандемијата. Помеѓу останатите, објавени се јавни повици за финансиска поддршка на естрадните уметници и компаниите од ивент индустријата.

„Со шестиот пакет на економски мерки како Влада имаме за цел поддршка на најпогодените со цел заздравување од пандемијата и враќање на туризмот во нормала. Шестиот пакет на мерки опфаќа седум мерки во вредност од 17,8 милиони евра при што ќе се поддржат илјадници компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани. Мерките се дизајнирани по дебата со коморите.“ – вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

Предмет на финансиската поддршка на естрадните уметници е еднократна исплата на финансиски средства во нето износ од 30.750 денари по лице. Јавниот повик има цел да обезбеди финансиска поддршка на естрадни уметници кои поради влијанието на Пандемијата во текот на 2020 година биле спречени да обавуваат дејност. Право на учество на јавниот повик имаат сите естрадни уметници кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход понизок од 15.000 денари.

Право на учество на повикот за ивент индустријата имаат трговски друштва регистрирани со одредени примарни шифри на дејност, наведени таксативно во повикот.

Можеби ќе ве интересира: