Српската пејачка Александра Пријовиќ за првпат е фотографирана во јавноста откако пред еден месец беше откриено дека е бремена. Таа присуствуваше на роденденска прослава во еден белградски ресторан, каде што зрачеше со елеганција и стил.
За оваа специјална прилика, Пријовиќ одбра црни панталони и маичка, надополнети со капут во иста боја. Нејзиниот изглед беше едноставен, но софистициран, а присутните забележаа нејзината природна убавина и среќата што ја носи новото животно поглавје.

Фановите со нетрпение очекуваат повеќе детали за бременоста, додека пејачката ужива во овој посебен период со своето семејство.
