Балканленд

Ана Николиќ – здебелена за повеќе од 10 килограми?! (Фото)

Српската пејачка која е препознатлива по хитовите “Мишо мој”, “Џукело”, “Ромале, ромали”… познатата Ана Николиќ која важеше за секс симбол, се здебелила повеке од 10 килограми. Таа изминатиот викенд имала настап во една од српските дискотеки, каде што непријатно ја изненадила публиката, кој што едвај и ја препознале. Тие дури и на моменти се прашувале дали е тоа познатата и некогаш најзгодна пејачка на српската естрада, Ана Николиќ, пишуваат српските медиуми.

Ана Николиќ здебелена 10-на килограми“Ана во последно време е презафатена со снимање на новиот албум и постојано е во студио, нема време да вежба, јаде само брза храна. Таа така и се здебели. Нејзините промени во тежината се чести, а тоа може да и штети и на нејзиното здравје. Чудно е што не ја слуша нејзината мајка која има фитнес студио и е познат нутриционист”, вели една од најблиските сосетки на семјеството Николиќ.

Како Ана по снимањето на албумот ќе сними и нова фотосесија и како и на кој начин таа ќе се врати во старата и добра форма, тоа ние незнаеме, но претпоставуваме дека тоа ќе биде една огромна жртва за неа доколку сака, како и претходно, да биде во топ форма.

Подготви: Дениза Илиеска

Можеби ќе ве интересира: