World Music

Почина Џорџ Џонс ѕвездата на кантри музиката

Кантри легендата Џорџ Џонс почина на 81 година во болница во Нешвил, соопшти неговиот портпарол Кирт Вебстер. Џонс беше примен во болница со висока температура и висок крвен притисок.

“Денеска некој ќе стане најголем жив пејач на традиционалната кантри музука, но никогаш нема да биде втор Џорџ Џонс”, изјави текстописецот Боби Брадок, кој се децении соработуваше со Џонс. За време на кариерата што траеше повеќе од 50 години Џонс објави повеќе од 150 хитови и стана најдобар амбасадор на традиционалната кантри музика.

Некои од неговите најголеми хитови се “White Lightning”, “She Thinks I Still Care”, “Walk Through This World with Me”, “Golden Ring”, “He Stopped Loving Her Today” и други.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: