World Music

Бритни Спирс постигна договор за објавување мемоари вреден 15 милиони долари

Бритни Спирс, наводно потпишала договор за пишување мемоари во кои ќе ја открие целата своја приказна. Имено таа постигнала договор со тимот од издавачката куќа „Сајмон и Шустер“ да ја напише книгата која ќе открие деталите за нејзиниот контроверзен 13-годишен период под старателство, кое беше прекинато во ноември минатата година.

Дополнително, беше објавено дека договорот е вреден дури 15 милиони долари и може да биде еден од најпрофитабилните зделки за книги во изминатите години, по аранжманот што го направија поранешниот претседател и прва дама на САД. Барак Обама и неговата сопруга Мишел Обама постигнаа договор со издавачката куќа Penguin Random House во 2017 година на 60 милиони долари. Сепак, претставниците на споменатиот издавач сè уште не ги коментираат наводите објавени од медиумите.

Веста доаѓа откако помладата сестра на Бритни, Џејми Лин Спирс, минатиот месец ја објави својата книга „Things I Should Have Said“. Од тогаш двете сестри се во јавен конфликт.

Можеби ќе ве интересира: