По неколкудневните шпекулации, манекенот и фитнес тренер Сам Асгхари потврди дека е во врска со Бритни Спирс со фотографии кои набрзо ги избриша од социјалните мрежи. Дваесетидве годишниот иранец Сам Асгхари е личен тренер, манекен и актер, а од неодамна и ново момче на Бритни Спирс. Се запознале на снимањето на нејзин спот, каде што Бритни го заведува, а наскоро Сaм објави фотографија од нив двајца на вечера.
За Божиќ снимија и кратка видеочеститка којашто тој ја објави на социјалната мрежа, но набрзо ја избриша. Сам инаку е роден во Иран, а веќе девет години живее во САД. Глумел и во спотот на групата “Фифт хармони”. Тој се занимава со фитнес и има неверојатно тело, со коешто често се фали на социјалните мрежи. Бритни се уште не ја коментирала врската.
Подготви: Влад Петров
