Балканленд

Ерик Фокс ги критикуваше медиумите во врска со “Макфест” (Фото)

Познатиот DJ и продуцент Ерик Фокс денес на својот facebook профил објави статус кој е наменет за сите тв куќи во Македонија. Тој меѓудругото истакнува дека за Фестивалот за забавни мелодии “Макфест” не се ниту зборува ниту пак некој нешто информира, едноставно се што е поврзано со овој музички фестивал поминува незабележително, како да сме во некој “медиумски мрак”. Што поточно напиша Ерик во својот статус, прочитајте во продолжение.

“СЕ, се ок, само не ми е јасно како може најреномираниот фестивал во Македонија што постои веќе 30 години да биде во тотален медиумски мрак… Никаде нема никаква информација ни фотка ни ништо… А да беше Сунчане скале или некој друг од сосетството 24 часа ќе се трубеше!!! Срамота, секоја чест за МТВ овој пат беа на ниво, но срам за сите други тв… ко да сме во друга држава!!!”, напиша Ерик Фокс на својот Facebook профил.

Erik Fox_statusПодготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: