Магазин

Официјално селфи од сцената на “Макфест 2014”

Кој вели дека само Бредли Купер може да прави селфи на оскарите. Сличната финта ја направи и водителот на годинашново издание на “Макфест 2014”, Димитар Атанасовски, кој на присутните во Домот на културата во Штип им кажа:

“Како и што е редот, и како што прават големите ѕвезди ќе направиме и ние едно селфи!”, кажа водителот пред присутната публика.

Селфито го направи Димитар, а на него се и Даниел Кајмаковски и лото девојката Маријана Станојковска која исто така е водителка на “Макфест”. Секако селфито веднаш беше постирано на профилот на facebook на Димитар. Сега од фановите зависи дали ќе има милионски тираж, како оној на Купер. Но, ние сме помала земја, па ќе се задоволиме и со неколку илјади, бидејќи и тоа се важни бројки за мала земја како Македонија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: